Кивито во овој период од годината е вкусно, сочно и богато со хранливи материи, антиоксиданси и висока концентрација на витамин Ц, дури и повеќе отколку во портокалите и лимоните.

Покрај тоа, е и одличен извор на калциум, растителни влакна и витамини А и Е, кои помагаат, односно го намалуваат ризикот од настанување на макуларна дегенерација дури за 36%. Кивито содржи и лутеин и зеаксантин, соединенија кои ги има во структурата на окото. Лутеинот помага при филтрирање на штетната сина светлина и со тоа го забавува процесот на стареење на очите.

Флавонидите и каротеноидите имаат антиоксидативни својства и го штитат телото од слободни радикали. Според некои сознанија, кивито ја штити и ДНК од оксидациски оштетувања, а со тоа и значајно го намалува ризикот на заболување од рак.