После празничните гозби пожелно е да го прочистите организмот со здрава храна и свеж напиток. Ќе ја одржите виталноста на телото и ќе го зголемите расположението со овој рецепт за здрав детоксикациски сок на база на портокал и грејпфрут.

Потребни се:

1 грејпрфут

2 портокала

1 лажица мед

1 лажица јаболков оцет

Исцедете го овошјето, додадете го медот и оцетот и добро промешајте. Напитокот се пие два пати дневно, половина час пред оброкот.