Ако никогаш не ви е доволен сонот, фрустрирани сте бидејќи мора да станете, да ги извршите обврските и да одите на работа – време е да го промените размислувањето. Бидете позитивни, истуширајте се и сами одлучете да бидете поведри.

Искористувањето на првите 60 минути во денот го одредува она што ќе го правиме целиот ден и како ќе се чувствуваме во истиот, тврди блогерката Афам Уче.

„Ако создадете добри утрински навики, ќе чувствувате рамнотежа во сè што правите, убаво ќе се чувствувате и ќе бидете успешни“, вели таа и открива неколку навики кои многумина ги практикуваат, а треба да ги променат.

Одложување на алармот

Не можеме да станеме од кревет бидејќи сме преуморни, мрзеливи, немаме сила и затоа постојано го одложуваме алармот… А, за тоа сепак сме самите виновни, бидејќи не сме легнале навреме. Воглавно, потрудете се вечерите да ви бидат мирни и навреме да си легнувате за наутро да бидете наспани и одморени.

Веднаш го земате телефонот и проверувате што има на Фејсбук или Инстаграм

Ако сте возрасна личност со обврски и се брзате за на работа, факултет или имате деца, ќе бидете назад со времето, бидејќи отсутното ‘скролање’ на мобилниот телефон трае, иако немаме чувство дека е така.

Го прескокнувате појадокот или јадете нешто нездраво

Мора да внимавате што јадете наутро и избегнувајте да работите на празен желудник. Потребни ви се квалитетни намирници, затоа бирајте здраво. Ако во себе внесувате лоша храна, така и ќе се чувствувате.

Немате продуктивна утринска рутина

Она што го правите наутро го одржува вашиот ден. Ако им се препуштите на корисните и здрави активности во раните утрински часови, денот ќе ви биде поефикасен и со доволна количина на енергија за зголемување на продуктивноста.

Го почнувате денот без туширање

Откако завршивте со утринските рутини, добро истуширајте се пред да почнете со секојдневните активности. Тој мал чин активира одредени хормони во телото кои ви помагаат да бидете поефикасни.

Негативни сте

Мозокот има огромно влијание на долгорочниот резултат. Затоа најпрво проверете дали тоа што гледате или слушате е нешто за што вреди да потрошите време.