Уличките на Старата скопска чаршија станаа живеалиште на оваа жена која 4 ноќи помина пред џамијата „Ќосе Кади“. По објавените фотографии на социјалните мрежи, ТВ21 отиде да ја посети. Таа не сакаше да комуницира со нас. Жителите ни рекоа дека одбива комуникација и со нив.

Нашата екипа ги извести полицијата и Црвениот крст со цел таа да не помине уште една студена ноќ под отворено небо. Откако пристигна полицијата и екипа на Црвен крст, се обидоа да ја убедат да ја сместат некаде но таа одбиваше.

Сандра Томовска од Црвен крст рече дека се додека таа одбива помош, тие не можат да ја земат насила, можат само да и понудат помош таму каде што е.

Според законските процедури, ниту полицијата не може да ја земе насила и да ја однесе во некое засолниште или болница, туку може да ја смести само Социјалниот центар или Црвен крст. Претставник на Социјалниот центар побара асистенција од полицијата за да ја земат, но како што се чини, без успех.

ПОЛИЦИЈА: Ние ќе Ви ја донесеме до комбето!

СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Да, можеме да ја одведеме кај пунктот вечерва, утре ќе ја однесеме во Бардовци. Ние бараме полициска асистенција, дали можете да ни помогнете?

ПОЛИЦИЈА: Да, ние ќе ви дадеме полициска асистенција.

СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Да ја однесеме кај пунктот потоа утре со екипа ќе ја однесеме во психијатрија.

ТВ21 ја извести и Брза помош но тие рекоа дека ќе дојдат само доколку им се јави полицијата. Меѓутоа од таму не одговорија ниту на повикот на полицијата во тој момент. Брза помош пристигна по 4 часа додека ние останавме таму, а како да не беше доволно што доцнеа туку и забранија на екипата на ТВ21 да снима. Дознавме дека жената е испратена на Психијатриската клиника бидејќи било утврдено дека е со психички проблеми. Таа претходно два пати бегала од Психијатриската болница во Скопје.