Оваа лековита билка е вистинска ризница на витамини и може да го препороди организмот.
Цвеклото е народен природен антианемик, антибактерик, антикарцином, антипиретик, антиоксидант, антисклеротик, детоксикант, диуретик, реминерализант.
Богато е со витамини и минерали, содржи висок процент на железо, а особено е богато со белковини, масти и јагленихидрати.

Го намалува крвниот притисок
Цвеклото е богато си нитрити кои во телото се претвораат во јаглерод диоксид што ги опушта и шири крвните садови, а ова ја подобрува циркулацијата и го намалува притисокот.
Според една студија само чаша сок од цвекло дневно успешно го намалува крвниот притисок.

Го намалува ризикот од болести на срцето
Содржи многу алкалоиди на бетаин и фолати од витаминот Б кои здружени го намалуваат холестеролот во крвта. Поради тоа може да бие одлична превенција кај болестите на срцето и крвните садови.

Ја подобрува издржливоста
Професионалните спортисти се колнат во моќта на овој скромен корен. Зошто? Нитратите кои ги содржи на телото му даваат сила и издржливост.
Студии со спортистите ги потврдиле тие позитивни ефекти. Потребно е да изедеме само 3 до 5 мали плодови дневно (или да ги испиеме како сок или супа) пред спортските напори за да резултатите бидат подобри. Инаку, нивото на нитрати во телото е највисоко 2. до 3. часа после конзумирањето на цвеклото.

Ја подобрува функцијата на мозокот
Како што рековме, јаглерод диоксидот ги опушта и шири крвните садови, а способноста на телото само да го произведува опаѓа. Напооредно се намалува и измената на материите и нервната активност во мозокот. Цвеклото е тука да дојде како погонско гориво.
Студија од 2010. година покажала дека луѓето кои два дена биле на исхрана богата со нитрати биле подобро концентрирани, организирани и попрецизни во извршувањето на задачите од оние кои конзумирале малку нитрати.

Ја поттикнува функцијата на црниот дроб
Секојдневното конзумирање на цвекло спречува таложење на маснотии во црниот дроб. И тоа е заслуга на бетаинот кој освен во цвеклото можеме да го пронајдеме уште само во спанаќот и киноата. Црниот дроб може да се намали благодарение на внесувањето на бетаинот.

Помага при хроничните болести
Цвеклото е богато со беталаини, вид на антиоксиданси кои, како што велат научниците, успешно се бори против слободните радикали, спречува воспалувања во телото и хронични болести. Одлично е и против дебелина, па дури и рак.

Добро е за варењето
За подобрување на варењето потребно е да се јаде храна богата со влакна – како цвекло. Чаша сок од цвекло го намалува ризикот од констипација, хемороиди и дивертикулис, а бетаинот помага и при варењето на храната во желудникот.