Преку ноќта од север се намали облачноста, но на југ и понатаму остана претежно облачно. Понекаде по котлините имаше магла утринава и понекаде дува слаб ветер.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен претежно југоисточен ветер. На северот ќе има повеќе сончеви периоди. Дневната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Температурата ќе достигне 6 степени.