Вчера во 15,50 часот во полициската станица Аеродром В.Б.(71) од Скопје пријавил дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

„Исто така вчера во 22,20 часот во полициската станица Аеродром А.Р.(42) од Скопје, пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“ неговата 16 годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната нога“, информираат од МВР.