Вака изгледа зеленилото на кејот на Вардар после чистењето на коритото. Тешката градежна механизација уништи 16 800 м2 зеленило, напиша поранешниот градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски.

-Вака ли Град Скопје се грижи за зеленилото ??? Знаете ли дека уништивте зеленило 10 пати поголемо од вашиот таканаречен зелен кров на ГТЦ?!?, прашува Трајановски.