Уште од млади години учиме дека овошјето и зеленчукот се здрави за нас. Но, со текот на времето, процесот на стареење, и зголемувањето на дневните обврски, честопати ги забораваме мудростите стекнати на рана возраст. Истражување направено во 2015 година покажува дека од сите возрасни групи, само деца од возраст  1 до 8 години ја консумираат препорачаната количина на овошје и зеленчук. Резултатот од истражувањето укажува дека модерниот животен стил го ограничува времето за внесување на целосен здрав оброк.

Од друг аспект, храната не е наменета само за задоволување на гладот и обезбедување на неопходните хранливи материи за оптимална функционалност на телото, туку и за спречување на болести поврзани со исхраната, како и за подобрување на физичката и менталната благосостојба на консументот.  Внесувањето на сировата храна, посебно најосновните намирници- овошје и зеленчук, е поврзано со намалениот ризик од хронични и незаразни болести.