Протест во недела во 11:55 часот во Куманово.

-Ова е граѓански крик, повик да излезеш и ти и да побараш ЗДИВ за себе и своите најблиски! Биравме политичари кои нудеа решенија, меѓу другото, токму и за овој проблем – чист воздух и сега бараме испорака на ветеното! Бараме да изнајдат и преземат мерки, зашто токму за тоа ги плаќаме! Бираме живот, не бавна смрт! Затоа дојди и ти за заедно да покажеме дека ЗДРАВЈЕТО ни е најважно! 5 до 12 на 15.12.2019, кумановски плоштад (пред Центар за култура), велат од Фејсбук групата „Македонија се гуши“.