Одгледувачите на канабис за медицински цели повикуваат на брзо донесување на Законот за наркотички супстанци затоа што компаниите што работат со овој бизнис, работат со загуба. Компаниите бараат новиот Закон да дозволи увоз на цвет на канабис, додавајќи дека неговото донесување сериозно ќе го зголеми бруто домашниот производ и дека ќе се создадат многу работни места. Од Здружението „Макканабис“ велат дека недонесувањето на Законот блокира многу странски инвеститори кои се заинтересирани да влезат во Македонија.

Законот беше повлечен од собраниската процедура минатиот месец. Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека Законот е повлечен заради забелешките од граѓанскиот сектор кои ја обвинија Владата дека со донесување на Законот се донесува сув цвет на канабис од кој се произведува дрогата.