Красулата најчесто ја препознаваме како драга билка која носи среќа и пари во домот, но покрај овие верувања кај народот, таа се одгледува и поради нејзината убавина.

Она што е помалку познато е дека поседува некои лековити својства. Овој сукулент “Кој носи пари” има мали розови или бели цветчиња и може да се најде во повеќе видови. Може да живее неколку декади, па дури и до 100 години.

Потекнува од Јужна Африка каде расте во надворешни услови без опасност од замрзнување. Тамошниот народ ја користи за многу лековити цели. При појава на брадавици на пимер, откинуваат еден лист и ја одлепуваат неговата надворешна опна, па го прилепуваат на брадавицата неколку денови додека таа да отпадне.

Оваа билка во Африка, исто така, се користи за лекување на епилепсија, дијареа, рани, посекотини, калуси на стапала, прочистување на цревата..

Корењата ги користат за храна изрендани и зготвени во млеко. Листовите пак, ги варат во млеко и ги користат како прочистувач, лек за дијареа и епилепсија.

Красулата содржи антивоспалителни, антивирусни и антибактериски својства, меѓутоа не смее во сиров облик да се консумираат поголеми количини, зошто може да предизвика мачнина и повраќање.

ИЗГОРЕНИЦИ, МОДРИНКИ, ШИНАТИ ЗГЛОБОВИ, РАНИ, ПОСЕКОТИНИ, ЧИРЕВИ

Направете каша од листовите на красула, па направете облога врз повредената површина и фиксирајте со завој. Променете ја облогата кога кашата ќе се исуши, за 2-3 часа.

АРТРИТИС, АРТРОЗА

Од 10-15 листови исцедете сок и намачкајте ги зглобовите пред спиење.

АНГИНА, ВОСПАЛЕНИ КРАЈНИЦИ

Исцедете сок од 10 листови и растворете го во 200 мл вода. Гргарајте 3-5 пати дневно.

ХЕРПЕС НА УСТА

Исцедете сок од неколку листови красула и намачкајте го зафатеното место на секои 30 минути. Потопете мало памукче во сокот и прицврстете на зафатеното место со фластер.

ЧИР НА ЖЕЛУДНИК

Изедете на празен стомак само 2 листа красула, темелно соџвакувајќи ги.

ХЕМОРОИДИ

Прицврстете исечен лист на проблематичното место и веднаш ќе почувствувате олеснување. Напомена: Доколку забележете крвавење и пред употреба на красулата, посоветувајте се со лекар.