Здравствените работници или средниот медицински персонал во здравството извесен период е под еден вид притисок за зачленување во еснафското здружение.

-Нашето еснафско здружение не е дел од Законот, а сепак ни велат од истотро дека ттеба да се зачлениме. Тоа е само невладина организација. За разлика од ова здружение на пример случајот со Лекарската комора е сосема поинаква. Лекраската комора издава лиценци, врши надзор врз работата на јавите институции, велат преставник на овој персонал во здравството.

Средниот медицински персонал како што се лаборанти, медицински сестри и слично велат дека уште од пред еден месец им се бара да бидат дел од здружението, а сега повторно.

-Деновиве повторно ни се обраќаат, но без објаснување што е работата и целта на здружението, вели нашиот соговорник.

Според дел од средн медицинскиот персонал станува збор за некакво превројување.

-Да не грешам, ама ми личи на некакво предбројување пред избори зошто ни велат до март треба да имаме број за средно медицинскиот персонал, вели нашиот соговорник.