Сезоната на грипови и настинки е пред нас, а тоа значи дека не е ништо чудно ако вашето дете ви „донесе“ некоја настинка пренесена од некое другарче од училиште или градинка.

Децата се најмногу склони кон настинки, па затоа треба да направите сè што е во ваша моќ за да го заштитите вашето дете од зарази. Секако, понекогаш нема правила, но добро е да се потрудите и да се обидете колку што може повеќе да спречите често прифаќање зарази.

12 едноставни совети како да се обидете да го заштитите вашето дете во „најкритичниот“ период од годината:

1. Научете ги да ги мијат рацете цело време, не само пред оброк;

2. Ограничете го шеќерот кој го внесуваат во текот на денот;

3. Оставете им простор да бидат активни или запишете ги на некакви спортски активности;

4. 10-12 часа неопходен сон;

5. Научете ги да не го допираат лицето со нивните раце, а посебно да не ги ставаат рацете во уста;

6. Обидувајте се да му ја збогатите исхраната со што е можно повеќе зеленчуци;

7. Обрнувајте внимание на нивната облека и секогаш праќајте им резервни маички и блузи за во случај да се испотат.

8. Носете ги на доктор на редовни месечни контроли;

9. Кажете им да не ги делат пијалаците со нивните другарчиња, затоа што така можат многу полесно да се заразат;

10. Туширајте ги секојдневно;

11. Научете ги како да пијат вода во замена за сокови;

12. Водете „сметка“ за нивната консумација на витаминот Д, затоа што им е многу потребен.