Поради начинот на исхрана, на веганите им се заканува оваа опасност, која за среќа може да се спречи.

Експертите предупредуваат дека кај веганите може да се јави трајна вкочанетост во рацете и стапалата, поради недостаток на важни витамини во исхраната. Луѓето кои се хранат исклучиво со намирници од растително потекло, би требало да земаат додатоци на витамин Б12 за да спречат периферна невропатија. Оваа трајна состојба се јавува кога се оштетени нервите, што доведува и до вкочанетост на рацете и нозете.

Повеќето луѓе внесуваат витамин Б12, кој го чува здравјето на нервите и крвните клетки, преку кравјото млеко. Меѓутоа, билните замени за млеко немаат доволно витамини, поради што може да се јави оваа здравствена компликација.

Том Сандерс, професор по нутриционизам од Кралскиот колеџ во Лондон, посочува дека мала студија во Велика Британија открила дека една петтина од веганите имаат „сериозен недостаток“ на витамин Б12.

Професорот по епидемиологија во Оксфорд, Тим Ки смета дека луѓето често не размислуваат за последиците од веганската диета, туку едноставно мислат „веганската храна е добра, тоа јас ќе јадам“.