Во пресрет на предновогодишните прослави, како и дочекот на Новата година, еден шведски бренд за козметика потсетува дека алкохолот ја уништува кожата и дека мора да бидеме умерени во консумирањето.

Според институтот ФОРЕО од Стокхолм, каде се развиваат нови и напредни козметички производи, алкохолот е еден од најголемите виновници за несакани траги на лицето, од кои на прво место е текилата, а потоа се вотката, пивото и виното. Оттаму откриле дека постои нешто што се нарекува мамурлак на кожата, а сигурно и самите сме го забележале кај себе секогаш кога ќе испиеме некоја чашка повеќе.

Најголеми непријатели на кожата се текила, вотка, пиво, бело вино и црно вино, а на врвот е и „кралот“ на прославите – шампањот.

Пивото предизвикува потекување на кожата, по црвеното вино може да забележите иритации на кожатацрвенило се појавува после белото вино, а жестоките пијалаци како вотка и текила може да предизвикаат појава на акни.

Поради тоа, мора да бидете внимателни со испиените количини, потсетувајќи се секогаш дека секоја испиена чашка влијае негативно врз изгледот на вашето лице.