Власта на СДСМ не го решава проблемот со загадувањето затоа што профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните. Во депонијата „Дрисла“ се складира отпад којшто се согорува и го загадува воздухот во Скопје со канцерогени честички, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скопје е загадено и од согорувањето на коксот со 18% сулфур диоксид и обоениот текстил во 8-те фабрики на олигарсите на Зоран Заев и Петре Шилегов. Не се исполнија предизборните ветувања на Петре Шилегов и Зоран Заев кога најавуваа решавање на проблемот. Петре Шилегов е три години градоначалник на Скопје, но за проблемот со загадувањето молчи, за разлика од локалните избори. Шилегов тогаш ја посочуваше депонијата „Дрисла“ како најголем загадувач на воздухот и ветуваше нејзино затворање. За разлика од тогаш, сегашната ситуација покажува дека власта на СДСМ свесно ги загрозува животите на граѓаните. Нивната доверба во Шилегов е урнисана. Повеќе не може да им се верува на лажните ветувања на Зоран Заев и Петре Шилегов. Се што ветија, не исполнија. Секое ветување беше лажно и празно, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека време е за одговорност и за обнова на Македонија.