Новите истражувања покажаа дека 85 проценти од мажите на возраст од 60 до 69 години се сексуално активни, мажите на возраст од 70 до 79 години се 60 проценти активни, а мажите постари од 80 години се 32 проценти активни.

Она што е интересно е дека жените се помалку активни од мажите, но истражувањето покажа дека жените сакаат да бидат сексуално активни и во зрелите години.

Имено, истражувањето во кое е земен предвид сексуалниот живот на 2.577 мажи и 3.195 жени на возраст од 50 години, откри дека постарите луѓе можат да имаат ментални и физички здравствени проблеми доколку не се сексуално активни.

Во истражувањето, испитаниците морале да одговорат на прашањата дали во последните години имале намалена сексуалната желба или намалена сексуалната активност, исто како и способноста да имаат ерекција, пишува The Conversation.

Резултатите од истражувањето покажаа дека мажите кои имаат помала сексуалната желба се изложени на поголем ризик од појава на рак.

Мажите со еректилна дисфункција исто така се изложени на поголем ризик од рак или коронарна артериска болест.

Освен тоа, резултатите од истражувањето покажаа дека постарите луѓе повеќе уживаат во животот кога се сексуално активни, т.е дека оние кои доживеале пад на сексуалната активност се помалку среќни за разлика од оние кои имаат сексуална активност.

Имено, во текот на сексуалниот чин се ослободува ензимот ендорфин, кој создава чувство на среќа или возбуда.

Високото ниво на ендорфин е добро за имунолошкиот систем и може да го намали ризикот од рак и срцеви заболувања.