И покрај тоа што повеќето го гледаат како естетско нешто, косата како и ноктите може да зборува и да предупредува за бројни здравствени проблеми.

Дали знаевте дека, во просек, човекот има околу 100.000 влакна на главата и тој губи околу 100 влакна секој ден? Ова не е причина за загриженост бидејќи тие се заменуваат со нови влакна.

Но, за грижа е ако вашата коса одеднаш паѓа, кршлива е и без сјај. Постојат многу причини: од стрес преку слаба исхрана до проблеми со хормоните.

– Во многу ситуации како што се анемија, пад на железо или нарушување на функцијата на тироидната жлезда, може веднаш да се забележи на косата – нејзиниот пад и слаб квалитет, објаснуваат експетите.

Во услови на болест на тироидната жлезда, кога е нарушена неговата функција, се јавуваат опаѓање на косата, губење на сјај, кршливост, слично на синдром на полицистични јајници.

Жените ја губат косата, средниот дел, заради зголемувањето на андрогени хормони, тестостерон. Ова се некои од причините што можат да предизвикаат опаѓање на косата:

Премногу витамин А

Преголемиот внес на овој витамин може да предизвика губење на косата. Тешко е да се внесе претерано количество на витамин А преку исхраната.Типично, овој проблем се јавува кај жените кои земаат суплементи, особено бета-каротин, за побрзо затемнување на кожата за време на сончањето. Затоа е многу важно да се консултирате со вашиот лекар пред да земете какви било додатоци.

Емоционален стрес

Во врска со физичкиот стрес, емотивниот стрес многу поретко предизвикува опаѓање на косата, но тоа не значи дека не е можно. Понекогаш сме изложени на стресни периоди како што се разводот, смртта на некој близок или грижата за немоќните најблиски. Сето ова може да предизвика предвремено губење на косата.

Лекови

Одредени лекови, особено хемотерапијата, може да резултираат во опаѓање на косата. За жал, ова е неизбежна цена за повеќето жени да го поправат своето здравје. Утеха е дека новата коса што расте ќе биде посилна, подебела и поубава од кога било.

Меѓу другите лекови кои можат да предизвикаат опаѓање на косата, се интерфероните, некои антимикотици, многу имуносупресанти како и литиум што се користи за лекување на биполарно нарушување.

За да имаме здрава, густа, сјајна и цврста коса, треба да консумираме храна богата со витамини, минерали, протеини и масни киселини од омега-3 на дневна основа.