Фибромијалгија претставува појава на хронична широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки и фактори од околината.

Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија.

Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност може да го зголеми ризикот за развивање на фибромијалгијата.

Фактори на ризик за оваа болка се ладен простор и влага, несоница, физички и ментален замор, зголемена физичка активност. Жените многу почесто патат од фибромијалгија, а во моментов не постои лек за ова пореметување.