Храна во креветот може да биде добра идеја, особено ако станува збор за афродизијак.

Јагоди, чоколадо, банани се дел од најдобрата храна со која може да го разубавите вашиот сексуален живот.

Добрата работа кај јагодите е што се слатки и што прават да се чувствувате убаво додека ги јадете. Секој кој пробал комбинација од чоколадо и секс знае дека тоа е корисна добивка во зачинувањето на љубовниот живот. Покрај тоа, чоколадото е добар афродизијак.

Освен што може да ги јадете, со бананите може и да изведувате секси игри. Бананите исто така содржат ензим бромелаин кој го зголемува машкото либидо.

Шлагот звучи како клише, но факт е дека е мек и вкусен и може да го ставите каде било, а потоа да го излижете. Концентрирајте се на ерогените зони како усните градите, вратот, грбот и задникот.

Зарем има нешто посекси од шампањско и бакнежи на голо тело во текот на сексот? Одлична комбинација за незаборавен секс.

Сладоледот, исто како и чоколадото, брзо се топи па е подобро што побрзо да го излижете од телото на партнерот, па да почнете со поконкретни работи.

И се разбира, тука се оревите, кикириките, бадемите, лешниците и другите познати грицки за подобро сексуално расположение.