Премиерот на владата Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата Економски магазин на Алсат М призна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е против покачување на платите и пензиите, со што самиот си ги негира сопствените изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира реформските закони.

„Многу често знаеме да се повлечеме, да ги слушнеме граѓаните, и опозицијата бидејќи таа е корективот во државата и да постапиме по таквите прашања. Опозицијата не е против покачување на пензиите, па зошто би била? Тоа е за нашиот народ, за покачување на платите на лекарите, на учителите и слично“, вели премиерот Заев.