Сите имаме по некоја лоша навика од која никако да се откажеме, но некои навики се навистина штетни за нас.

Ако јадете доцна навечер тоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип II.

Премногу солената храна може да предизвика проблеми со бубрезите и срцето и е еден од најчестите причини за смрт поврзани со исхраната.

Не ги миете рацете доволно и правилно?

Заради тоа сте подложни на бактерии и вируси, а правилната хигиена на рацете го намалува бројот на смртни случаи предизвикани од бактериите пренесени со валкани раце.

Не користите конец за чистење на забите?

Ова треба да ви стане секојдневна навика. На овој начин се намалуваат бројот на бактерии во устата, а воспаленијата на забното месо може да предизвикаат дополнителни здравствени проблеми.

Гризењето на ноктите освен што е естетски одбивна навика, често пати може да биде ризична за вашето здравје.

На овој начин може да пренесете бактерија од групата стрептокока или стафилокока. Бактериите можат да навлезат во крвта многу лесно.

Не можете да „одолеете “, а да не ги стиснете мозолчињата?

На овој начин оставате отворен простор на бактериите кои можат да направат уште поголеми проблеми на кожата.