Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, не може да се пофали со многу успеси во своето работење на оваа функција.

Иако јавноста почесто беше сведок на скандали, неработа и прекршени ветувања, отколку што гледаше проекти и дела, Владата на Зоран Заев одлучи да ја награди оваа политичарка.

Така,  Заев ја соопшти одлуката дека потпретседател на Владата задолжен за економски прашања ќе биде токму Мила Царовска.

Иако е парадоксално социолог да биде ставен на оваа позиција, тоа не е најголемиот проблем во оваа приказна. Проблем е што Царовска се покажа како функционер кој воопшто не води грижа за клучните прашања во секторот со кој раководи.

За да можеме да оцениме каков вицепремиер за економски прашања ќе биде таа, ајде да се потсетиме каков министер за труд и социјална политика беше досега.

Царовска ветуваше големи промени за децата од претшколска возраст, кои се грижа на министерството кое таа го води. Но, наспроти тоа, децата остануваа на долгите листи за чекање место за во градинка бидејќи ниту беа проширени капацитетите, ниту се изградија доволно нови објекти.

Дополнително, на ниво на цела држава се бркаше стручен кадар од градинките, па наместо да добијат договор на неопределено време, негователките и воспитувачките добиваа отказ. Нивните работни места беа веднаш пополнети со партиски кадар на СДСМ.

Се обиде Царовска да ги изманипулира пензионерите, претставувајќи им порамнување како покачување на пензии. Најстарите генерации не ги добија покачувањата кои СДСМ им ги ветуваше за да им ги земе гласовите на избори.

Жесток удар им зададе на пензионерите на кои им го укина со Закон загарантирано зголемување на пензиите. Таа пред пензионерите „се пофали“ дека минималната пензија ќе се зголеми за „фрапантни“ 36 денари, а просечната пензија за 63 денари.

Оваа министерка ги убедуваше граѓаните дека четиричлено семејство може да го преживее месецот со 17.000 денари. По острите реакции од јавноста, таа се правдаше дека тоа било статистика, а не нејзин личен став.

За време на нејзиниот мандат, се укина додатокот за трето дете. Тоа беше голем удар за многудетните семејства. Претстави лажна слика во јавноста дека парите се поважни ако се пренасочат за друга намена, а намалениот наталитет е бројка која е поразителна за земјава.

Додека кратеше пари од онаму каде што е најпотребно, нешто постојано се зголемуваше, а тоа е имотот на Царовска.

Според анкетните листови, таа откако е на функција драстично се збогатува.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од само една година. Според анализата на СКУП во рамките на проектот Политички Експонирани личности, на нејзиниот пријавен имотен лист од септември 2018 година, вреден 212.990 евра, се додадени ставки вредни 1.378.607 евра, со што нејзината моментална имотна состојба изнесува 1.591.597 евра, објави СКУП во јуни годинава.

Колку таа поседува денес, можете да погледнете во нејзиниот АНКЕТЕН ЛИСТ.

Во анкетниот лист може да се пронајде нејзиниот личен имот, имот на нејзините родители и нејзинот брат, но не и имотот на нејзиниот животен сопатник.

Но, неговото име, можете често да го сретнете во медиумите, а се однесува на скандалозни информации.

-Три јавни набавки со вкупна вредност од 1.5 милиони денари добила компанијата „ФЛАЈ КЕМ“ ДООЕЛ Скопје, која е во сопственост на неформалниот сопруг на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Во исто време, во анкетните листови за состојбата на нејзиниот имот, Царовска не го пријавила богатството, открива Економски Лидер во својот прв скандал за годинава.

„Лидер“: Мила е министерка, Горан лета дронови на државна сметка!

Вкрстената проверка на Лидер во Управата за јавни приходи и Централниот регистар, покажува дека Горан Георгиевски е единствен сопственик на компанијата „ФЛАЈ КЕМ ДООЕЛ“ – Скопје. Компанијата е основана во 2015 година а од тогаш па наваму во три набрати добила пари од државата.

Последниот договор, Георгиевски го склучил со АД МЕПСО на 10.04.2018. Според него, „ФЛАЈ КЕМ“ за потребите на МЕПСО обезбедила некакви  „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонреден преглед на ДВ“, вкупната вредност на договорот 779.980 денари.

Според договорот кој е склучен без тендер туку во четири очи помеѓу директорот на МЕПСО и неформалниот сопруг на Царовска, „ФЛАЈ КЕМ“ се должни да обезбедат и обука за вработените во МЕПСО кои ќе оперираат со дроновите.

За сето ова, но и за многу повеќе скандали и неработа, во друга држава министер ќе требаше да си поднесе оставка.

Но, во Македонија, премиерот ја награди Царовска со повисока фукнција- вицепремиер.