Наутро често посегнуваме по некое овошје и го јадеме за појадок. Но таа навика сепак би требало да ја прескокнеме.

Особено ако консумирате банана на празен желудник. Бананите се практично овошје: ги лупиме за секунда, слатки се, заситуваат и ни даваат многу енергија. Позитивно влијаат врз здравјето, па експертите советуваат да јадеме до три банани дневно.

Но ова овошје има еден мал недостаток. Доколку го консумираме на празен стомак, нагло ќе ни порасне шеќерот во крвта. Исто така, го зголемува нивото на киселини во телото и доведува до умор.

Наскоро ќе огладнете

Дури 25 отсто од бананата се состојат од шеќер. Ако ја јадете на празен желудник, нагло ќе ви порасне нивото на инсулин, но многу брзо и ќе ви падне. Така телото многу брзо повторно ќе развие чувство на глад, ако не и силен напад на глад.

На хранливите материи им треба помош

Во бананите има многу хранливи материи, како што се витамин Б6 и калиум. Меѓутоа, добро се апсорбираат во телото ако ги консумирате со други намирници.

Ако веќе сакате да јадете банана за појадок, измешајте ја со мусли, јаткасти плодови и мед.