Бенките се израстоци најчесто во црна или кафена боја. Ги имаме скоро сите, некој една две некој и повеќе. Обично се појавуваат до 30-тата година од животот, можат да бидат рамни или релјефни и да потемнат доколку ги изложувате на сонце, за време на пубертет или во текот на бременоста.

Зошто на некои бенки има и влакненца?

Како и на целата кожа, влакната растат каде што има и фоликули. Ако во бенката има фоликула, на неа ќе се појават влакненца.

Дали влакненцата се нормална појава?

Да, апсолутно. Генерално кај жените се јавуваат поретко, но и кај двата пола е вообичаено.

Зошто овие влакненца се потемни од другите?

Баш како што и бојата на кожата на бенката е потемна боја и влакната можат да бидат потемни.

Дали бенката со влакненца е знак дека истата е канцерогена?

Било која бенка може, но и не мора да биде канцерогена без разлика дали има влакна. Експертите дури и велат дека помала е шансата да се канцерогени оние бенки од кои растат влакна.

Зошто? Затоа што канцерогените клетки се абнормални, а ако на бенката имате влакна, можете да сте речиси уверени дека под неа не се кријат абнормални клетки.

Дали смеете да ги отстранувате овие влакна?

Да, како и сите останати. Можете да ги бричите внимателно, да ги чупате со пинцета или депилирате со восок.

Дали треба да ве загрижува бенка со влакна?

Не, освен ако не покажува сомнителни симптоми – асиметрија, нерамни рабови, промена во бојата и изгледот со текот на времето. Во тој случај, задолжително посетете дерматолог.