Овој пост е за сите кои сакаат да се запознаат со начинот на кој функционираат болниците и Здравствените Домови низ Р. Македонија, пишува Дивна Давиткова на Фејсбук.

-После 7 месечна работа (со договор на дело) на Итна помош во Здравстен дом Виница, г-динот Директор на крајно расипан начин во разговорот од ова утро ми даде до знаење дека веќе не сум потребна на тоа работно место, со изговор дека не сум се одлучила дали сакам да останам таму, а на него како Директор не му личело да моли никој и дека слушнал трачеви низ Здравствениот Дом дека сум сакала да одам во Америка (апсурден изговор нели?!?). После неколку наврати откако имав почнато со работа таму во кои му кажав дека сакам да останам на тоа работно место и сакам решение, тој утрово ми вели дека не сум му дала конкретен одговор (веројатно требаше секој месец да му праќам писмена изјава за да биде сигурен дека нема да го напуштам работното место). Откако во првата недела од август ми рече дека ќе може да ми даде решение, дури и за специјализација зборевме, до крајот на октомври го немаше никаде (веројатно се беше предомислил за изговореното), тогаш дојде кажувајќи ми дека пуштил конкурс за Доктор, но за една личност која само што почна да доаѓа на работа (после мене), притоа нагласувајќи ми дека конкурсот е за неа. Веројатно на сите ви е јасно дека станува збор за партиско вработување. На дотичната и беше дадено решение за работа, а јас останав со договор на дело до 31ви декември. Од средината на декември почнав да ги користам слободните денови кои ги имам, а г-динот Директор тогаш доставил барање до Министерството за вработување на нови Доктори, без да има обзир дека мојот договор завршува и дека останувам без работа. Утрово јасно ми даде до знаење дека веќе не сум потребна, а тој ќе вработи нови Доктори (веројатно уште некој како дотичната на која и даде решение партиски). Само сакам да му кажам фала што ме остави без работа за време на празниците и тоа во период кога знае дека никаде нема да има огласи за работа поради претстоечките избори. Кога г-динот бараше Доктори, а немаше во тој момент кој да вработи, јас прифатив од Кочани да работам таму (со договор на дело), работев цело лето кога другите користеа одмори, секој викенд бев на работа, никогаш ништо не ми беше тешко (и покрај тоа што не бев ниту осигурана, без стаж и без да ми се плаќаат прекувремени саати). Откако на дотичната и се подари решението, односот спрема мене беше променет и веќе ми беше јасно во која насока се движат работите. Сега веќе нема да сум му трн во око, така да слободно може да продолжи да подарува решенија (партиски), баш ме интересира до каде ќе го доведе Здравстениот Дом. И после никој да не се чуди зошто младите Доктори бегаат во странство (особено тие што не сме партиски определени и не сме заинтересирани за политика). А пациентите да не очекуваат многу, затоа што Болниците и Здравствените Домови станаа епицентар на политика и политички партии, т.е. места каде што политиката е на прво место, а медицината на последно. Знам дека многу луѓе ќе го прочитаат постот, ама нема јавно да ме подржат од разни причини, ама не е важно. Важното нешто беше луѓето да се запознаат со само мал дел од тоа низ што поминуваат младите Доктори, и зошто се решаваат за странство наместо тука. За крај само едно може да му кажам на г-динот: ИМА ГОСПОД, порачува Давиткова