Чаша млеко, па во кревет – не е само обична изрека. Зад неа стојат и неколку научни објаснувања.

За децата млекото е неопходно поради калциумот, но како што покажуваат најновите истражувања, децата кои редовно пијат млеко и јадат млечни производи имаат помалку проблеми со меморијата.

Научниците спроведоа истражување на илјадници млади луѓе, а наодите покажале дека луѓето кои редовно консумираат млечни производи како млеко, сирење и јогурт, имаат подобри ментални способности отколку луѓето кои речиси никогаш или ретко ги конзумираат овие производи. Научниците укажуваат на фактот дека човечкиот мозок се состои од 60 отсто маснотии, како и дека мозочните клетки се обложени со миелин, кој постојано се обновува и кој содржи 75 отсто масти.

Миелинските обвивки се од витално значење за способноста на клетките да комуницираат. Колку повеќе имате, побрзо учите нови вештини. Затоа е важно да внесувате млечни производи, најмалку една чаша млеко дневно, бидејќи млечна маст gi штити миелинските обвивки и позитивно влијае на вашето здравје.