Кожата има тенденција да стане потенка и посува со текот на годините што ја прави повеќе склона кон уште поголема сувост и пукање.

Започна периодот на оној „сув студ“ кој сите го мразиме. Кожата прва дава знак дека овој период е започнат.

Суви дланки, испукани усни, црвена и иритирана кожа се само дел од симптомите кои укажуваат дека е време да почнете да се грижите за неа во овие студени зимски денови.

Во продолжение прочитајте неколку совети како да се заштитите од сува кожа во зима:

Не се туширајте со прежешка вода

Намалете ја температурата и скратете го времето на туширањето. Топлиот туш или топлата бања може да предизвикаат само дополнително сушење на кожата. Затоа најдобро во зима е да користите млака вода при туширање.

Не користете пилинг или било какви третмани за ексфолијација на кожата

Избегнувајте груби средства за чистење на кожата, како на пример средства кои содржат алкохол или пак имаат силен мирис. Исто така не користете никаков пилинг кој може да ја иритира или исуши кожата и преферирајте нежни средства означени како немирисливи.

Во овој период од годината најважно е да се посветите на хидратацијата на вашата кожа и да користите повеќе креми и млека за тело.

Поставете прочистувачи на воздух во вашиот дом

Колку е посув воздухот во вашата околина, толку посува кожа. Затоа најдобро решение за ова е да поставите еден прочистувач на воздухот во некој ќош во просторијата каде што најмногу поминувате време.

Овие мала апарати ја зголемуваат влажноста во воздухот, помагајќи кожата да остане хидрирана.

Почнете да користите креми неколкупати во текот на денот

Овде не се мисли само на крема за лице туку исто така и крема за раце и за целото тело. Ова е еден од најважните и најзанемаруваните чекори при оваа појава. Би било добро ако користите медицинска козметика која содржи хијалуронска киселина затоа што таа помага при обновување на кожата. Еуцерин секогаш е добро решение!

Променете ја „диетата“

Овде не станува збор за строга диета или пак режим на исхрана. За сува кожа препорачливо е во исхраната да се додадат повеќе ореви, здрави масти и многу вода. За време на зимските студени денови потрудете се да го избегнувате алкохолот и кофеинот.