По напорниот ден сè што сакате е да си дојдете дома и да одморите, но спиењето во претопла соба не е баш најдобра идеја бидејќи нема доволно да се одморите.

Ако сте навикнати добро да ја затоплите собата пред спиење треба да размислите уште еднаш и да го исклучите греењето. Кога телото минува од будна состојба во состојба на сон, тоа преферира поладно опкружување. Неврологот Суџи Консегра смета дека промената на топлотни сигнали во телото говори дека е време за спиење.

Ако престојувате во презатоплена соба овој процес ќе се исклучи. Топлата соба може да доведе до потење и ненадејно прекинување на сонот, иако можеби не чувствувате дека ви е топло додека тонете во сон.

„Ако пред легнување ви е непријатно, нема да постигнете состојба на длабок сон и ќе се разбудите ненаспани. Највидливите манифестации на ненаспиеност кај возрасните се поспаноста и успореноста. По некое време тој недостаток на сон ќе почне да го зема данокот и негативно ќе влијае по здравјето. Најмногу трпат вашата концентрација, но и расположението“, вели Консегра.

Поради лошото спиење може да страдаат вашето срце, имунолошкиот систем, како и регулацијата на апетитот.