Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени.  Според последниот попис од 2002 година, оваа општина има вкупно 8 618 жители.

Општина Маврово и Ростуше во текот на минатата година доделила 28 ваучери – еднократен паричен надоместок за новородени деца, што е за 23 помалку споредено со претходната 2018 година, кога првпат почна да дава ваучери и додели 51.

-Врз основа на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, со едногласно донесената одлука на Советот на Општната, на секое новородено дете му се доделува еднократен паричен надоместок во висина од 5.000 денари. Лани беа доставени 28 барања и толку се реализирани, изјави за МИА Фикрет Ибраими, портпарол на Општината.

Според одлуката, еднократна парична помош се доделува само за новороденчиња во семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше, а не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина.

Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени.  Според последниот попис од 2002 година, оваа општина има вкупно 8 618 жители.

Пред миграцискиот бран кој општината ја зафати по 1990-тите години, населението било двојно побројно.  Најголем дел од овдешните жители се преселени во Германија, Швајцарија и Италија, а дел од поранешните жители на Маврово и Ростуше мигрирале и во Гостивар,Тетово и Скопје.