Воздухот во Македонија и вечерва е енормно загаден. Мерните станици за квалитет на воздухот измериле високи концентрација на воздухот во Струмица со 474 ПМ 10 честички или над 9 пати повеќе од дозволеното ниво, во Тетово пак се измерени 330 ПМ 10, скопско Лисиче 321 ПМ 10, Кавадарци 281, Кичево 261, како и Куманово 239 ПМ 10 честички на метар кубен.

Според резултатите на светската страница за мерење на загаденоста во воздухот Аирвинж, Република Македонија се наоѓа на врвот според загаденоста на воздухот, што дополнително го потврдува и фактот дека централната како и локалните власти немаат решенија за овој горчлив проблем кој што ги засега сите граѓани.