Потрагата по ефикасни лекови се почесто се насочува кон шумите. Во природата постојат преку пет милиони лековити супстанции и секоја година се откриваат нови природни лекови.

Терапевтскиот ефект на лековитата билка Мачја канџа (Uncaria tomentosa) за лекување на рак на дојка, леукемија и рак на бели дробови – е добро познат во Јужна Америка, а бразилските научници имаат спроведено исцрпни истражувања.

Мачјата канџа се користела за лекување на ревматоиден артритис и рак уште во 1920 – година. Во текот на речиси 100 години истражувачите го документирале лековитото дејство на оваа билка, особено врз ракот.

Германскиот природонаучник Артуро Брел бил во потрага по лек за својот ревматоиден артритис и случајно наишол на Мачја канџа. Своето позитивно искуство со оваа билка ја документирал и ја препорачал како многу ефикасен лек.

Се користи кората на оваа билка, од која има два вида: Uncaria tomentosa и Uncaria guianensis. Кората има силно антивоспалително дејство.

Излекуваниот, д-р Брел одлучил да извлече екстракт за да му помогне на својот пријател кој имал карцином на бели дробови, во стадиум V. Тој во текот на една година пиел чај од Мачја канџа трипати дневно. До крајот на годината ракот целосно се повлекол.

Мачја канџа спречува воспалителни болести

Истражувачите го поврзале воспалението со почетокот на полиферација на ракот на ниво на ДНК. Оваа причина во модерните протоколи на лекувањето главно се занемарува.

Научниците долго време знаеле дека екстрактот од Мачја канџа иницира смрт на канцерогените клетки, а денес точно ги прецизираат противвоспалителните механизми со кои тој делува.

Кога телото се обидува да оздрави и да ја одржи хомеостазата, се активира воспалителниот одговор.

Токсините кои ги внесуваме преку храна, воздух и вода, најчесто се причинители за воспаленија. Овој восплителен одговор пак ги отвора патиштата на ракот и хроничните болести.

Со вклучување на противвоспалителните билки во исхраната, како што е Мачја канџа, му помагаме на имунолошкиот систем во текот на стрес и воспаленија.

Според истражувањата, Uncaria guianensis делува така што го „исклучува“ производството на алфа факторот за некроза на туморот и на тој начин го запира воспалението.

Мајчата канџа исто така може да го стопира нуклеарниот фактор kappa beta, кој исто така е инфламаторен тригер за иницирање на рак и други болести.

Мачјата канџа влијае врз аденинот и го инхибира нуклеотидот во ДНК клетките на ракот. Се покажало дека оваа билка го зголемува бројот на Т-клетките со што помага побрзо да се опорави организмот од последиците на хемотерапија.

Во текот на 2016 година истражувачкиот тим на Сојузниот Универзитет Санта Марија во Бразил, го откриле точниот ефект кој Uncaria tomentosa го има врз ракот на дојка. Екстрактот од Мачја канџа имал значаен ефект врз аденинот во ДНК-та на ракот.

Нивните истражувања биле потврдени од истражувачите во Австралија истата година, и се докажало дека алкалоидите кои се наоѓаат во кората на оваа билка имаат способност да го инхибираат/спречат развојот на леукемијата.

Ако воспалителниот процес е корен на болеста, тогаш мачјата канџа е една од безбројте лековити природни билки кои можат да ја спречат.