Повеќе од јасно е дека шеќерот е една од најштетните намирници, особено белиот и многу луѓе веќе не го користат во секојдневната исхрана.

Но, тоа не значи дека не е применлив во домаќинството или во козметологијата и негата.

Еве на кои начини се прави тоа:

Испукани усни

Измешајте шеќер со кокосово масло и нанесете на усните. Само немојте да триете многу силно, а по пилингот нанесете балсам за усни.

Отстранување мрснотии

Шеќерот е одличен сојузник во борбата против мрснотиите. Со него можете лесно да ги измиете рацете ако ги измастите на некој начин, било да е со масло за јадење или со моторно масло.

Дохрана на растенијата

Еднаш неделно во водата со која ги полевате растенијата додадете шеќер и налејте во почвата. Шеќерот ги потхранува и ги одржува здрави подолго време. Исто важи и за цвеќе во вазна. Во водата додадете шеќер и тие ќе останат свежи подолго време.

Спречува мувлосување на сирењето

Чувајте го сирењето во херметички затворен сад во кој ќе ставите коцка шеќер.