Физичката активност е клучна, но и одредена исхрана…

За полесно да се ослободите од токсините, ви откриваме кои намирници дефинитивно би требало да ги вклучите во исхраната.

Лимон

Лимонот ослободува ензими кои помагаат во излачување на токсините од телото. Експертите обично советуваат секое утро да испиеме чаша вода со лимон и со лажичка мед. Лимонот го снабдува организмот со витамин Ц, и ја балансира киселоста на храната која ја јадете.

Зелен чај

Зелениот чај е исклучително вреден поради своите антиоксидантни својства. Помага во намалување на нивото на шеќер во крвта, па е препорачливо да пиете чаша зелен чај наутро и попладне.

Ѓумбир

Се смета за една од најздравите зачини, заедно со куркумата. Му помага на метаболизмот, помага во ослободување на токсините, и ја зајакнува функцијата на црниот дроб, што се доволно добри причини да додадете парче ѓумбир во својата омилена храна.

Магдонос

Магдоносот го зачувува здравјето на бубрезите, спречува и нивна инфекција, а ја намалува и надуеноста кај жените за време на менструација.