Ако косата ви се масти истиот ден откако е измиена, многу е веројатно дека правите некоја грешка поради која тоа се случува.

Врз тоа може да влијаат многу фактори, но ова се трите најчести причини за честото мастење:

Исхрана

Исхраната која е богата со нездрави масти значајно може да влијае врз мастењето на косата. Обидете се да внесувате масти во ограничени количини, веднаш ќе забележите разлика.

Пречесто миење

Многу истражувања покажале дека наместо да ја миете секој ден, многу подобро е тоа да го правите поретко, додека да успеете да стигнете до едно миење на секои 4-5 денови. Колку и да ви се чини чудно, козметичките препарати може да предизвикаат претерано излачување на масла од темето.

Козметика

Не е само до шампонот. Некогаш и препаратите за стилизирање, како што се гел, силиконски капки, лак за коса, регенератор и слични може да предизвикаат зачестено мастење на косата.