Артритисот е честа болест која ги погодува не само милиони возрасни, туку и младите луѓе. Најчести форми се ревматоиден артритис и остеоартритис. Меѓу карактеристичните симптоми се болки во зглобовите и воспаление. И, додека не постои лек за болеста, постојат голем број на лекови. Меѓу нив е консумацијата на одредена храна, вклучително и масна риба, според „Дејли експрес“, повикувајќи се на меѓународни студии.

Консумацијата на мрсна риба – лосос, скуша, сардини, пастрмка, е поврзана со моќно антиинфламаторно дејство.

За целите на студијата во која учествувале 33 лица, учесниците морале да јадат мрсна риба или посно месо. После осум недели, кај субјектите кои јаделе масна риба се забележува намалување на нивото на специфични соединенија поврзани со воспаленија.

Анализата на 17 студии покажа дека земањето омега-3 масни киселини, богат извор на кои се рибите, значително го намалил интензитетот на болки во зглобовите, утринската вкочанетост, бројот на болни зглобови и потребата од користење на лекови против болки кај пациенти со ревматоиден артритис.

Резултатите од една друга студија посочуваат дека внесот на масни киселини од омега-3 намалува неколку воспалителни маркери поврзани со остеоартритис.