ФОТО+ВИДЕО: Еве каде во моментов во Скопје започна да паѓа снег!

Месец јануари го донесе и првиот снег во Скопје. Жителите на Скопје, односно оние кои што живеат на пределот на водно и другите повисоките места денеска ги изненади првиот снег…

Месец јануари го донесе и првиот снег во Скопје. Жителите на Скопје, односно оние кои што живеат на пределот на водно и другите повисоките места денеска ги изненади првиот снег во годината.

Инаку, Врнежи од снег има во Крушево, Маврово и на планинските превои Буково, Ѓавато и Стража, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој особено на југозапад и на повисоките места ќе преминува во слаб снег. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините.


Related Articles