Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави санкции против странските лекари за кои ДСЗИ констатира дека без дозвола работеле со пациенти во Катлановска бања, но не знае дали истите лекари вопшто имаат лиценци за докторска дејност.

-Недозволиво е странски лекари, непријавени без лиценци, односно не знаеме воопшто дали имаат  лиценци, да работат каде било во нашата држава. Тоа најстрого ќе го санкцинираме и ќе го спроведеме кон другите институции кои имаат ингеренции да се справат со таа работа. рече министерот Филипче.