Општина Маврово и Ростуше ќе продолжи со доделување ваучери за новороденчиња.

– Одлуката донесена од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, врз основа на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, за доделување на еднократна парична помош, во висина од 5.000 денари за новородени деца за семејствата кои се со постојано живеалиште на територијата на општината, ќе важи и во наредните години, односно се до евентуално носење на друга одлука, која би ја променила истата – велат од општината.

Општина Маврово и Ростуше, во текот на минатата година, доделила 28 ваучери, односно еднократен паричен надоместок за новородени деца, додека претходната, кога стапи во сила одлуката, 51 ваучер.