Во долгите врски и бракови има подеми и падови, кои се рефлектираат и во спалната соба. Кога нештата не одат баш најдобро, секогаш постои можност да се поправат.

Што велат брачните советници и сексуалните терапевти на оваа тема? За порталот Women’s Day, тие ги открија тајните што го одржуваат пламенот на страста, дури и кога двојката е повеќе години заедно.

Ова се седумте навики на паровите кои имаат фантастичен сексуален живот:

1. Тие ги прифаќаат несовршеностите.

Двојките кои често водат љубов не го прават тоа само во совршени услови, како што се годишниот одмор, или, пак, кога децата не се дома. Во намерата не ги спречуваат ниту стресот, а ни обврските. Животот не е совршен. Сексот исто така.

2. Тие се великодушни – но со здрава доза на себичност.

Вистина е дека е лесно да се изгубите во желбата за постигнување задоволство. Меѓутоа, партнерите со фантастичен сексуален живот ги слушаат туѓите потреби, како што јасно ги искажуваат и сопствените.

3. Тие се чувствуваат задоволни во своја кожа.

Богатата интима произлегува и од љубовта кон самите себе. Личностите кои се задоволни во своја кожа, не се оптоваруваат непрестано како изгледаат или мирисаат. Тајната на успешните парови е што и поединечно се чувствуваат пријатно. Еден пред друг немаат внатрешни бариери, ниту комплекси да се препуштат на сексот кога за тоа ќе им се пружи прилика.

4. Тие ја негуваат меѓусебната доверба.

Сексолозите се децидни дека довербата е клуч за квалитетен секс. Доколку таа недостасува, нема ни блискост помеѓу партнерите во кревет.

5. Тие не чекаат да ги понесе страста.

Љубовните двојки кои почесто имаат односи, свесни се дека предиграта ќе ги доведе до вистинското расположение. Ова посебно се однесува на жените.

6. Тие се забавуваат.

Паровите кои се подолго време заедно, неретко доживуваат да им избледи страста заради предвидливоста. Затоа треба да се забавуваат, како и да знаат дека сексот не мора секогаш да биде сензуален.

7. Тие отворено си кажуваат што ги возбудува.

Наспроти повеќегодишниот стаж на делење на постелата, на многумина им е тешко на глас да изговорат што ги возбудува. Препораката е партнерите да си кажат нешто интимно пред водењето љубов. Споделувајќи ги подлабоките чувства, ќе се поврзат како емоционално, така и физички, што ќе ги направи поспремни за откривање и на сексуалните желби.