Најновото истражување вели дека генетиката не е пресудна кога е во прашање зголемување на телесната тежина. Со години се појавуваат многубројни истражувања, па според нив луѓето мислат дека прекумерната дебелина е наследна и дека тоа е до гените.

Меѓутоа, новото истражување покажува дека секојдневниот начин на живот има многу поголемо влијание на покачувањето на телесната тежина, пишува Health 24.

Студијата ги следеше податоците на повеќе од 2.500 Американци, од 1985 па сè до 2010 година.

Истражувачите користеа модерна технологија за да го конструираат генетскиот резултат на ризик врз основа на нивната ДНК.

Исто така, научниците ги следеа промените во индексот на телесната маса(BMI) на сите учесници во истражувањето за да ја одредат нивната тежина и кондиција.

Генетиката има влијание, но другите фактори се поголема причина зошто луѓето се дебелеат, е заклучокот од истражувањето.

Ова истражување го потврдува фактот дека без разлика на вашиот генетски код, најдобрата опција за да го сочувате вашето здравје е да вежбате редовно и да се храните здраво.