Северна Кореја привремено им забрани на странските туристи да влезат во земјата, поради појавата на новиот коронавирус во Кина, објави денеска кинескиот тур-оператор Јанг Пајонер Турс.

Одлуката е донесена затоа што најголем број туристи доаѓаат од Кина, а потегот е донесен како превентивна мерка.

Таа одлука ќе важи се додека вирусот не се стави под контрола.

Во Северна Кореја, една од најголемите индустрии со кои буџетот се полни со девизи е туризмот, пред се заради санкциите што ги воведоа САД и западни држави.