Новиот вирус, од кој досега живот загубија девет лица во Кина, може да се адаптира и да мутира, и поради тоа е тешко да се држи под контрола епидемијата. Во обид да се анализара ситуацијата и да се прогласи „вонредна состојба во светот“, Светската здравствена организација денеска одржува вонреден состанок.

Импулс за таква одлука може да влијае и првиот случај на заболен со тој вирус во САД. Потврдено е дека вирусот може да се пренесе од човек на човек и тоа ја зголемува можноста за ширење на заразата.

Гао Фу, директор на кинескиот центар за контрола и спречување на болести, нагласи дека вирусот корона потекнува од нелегалниот пазар за трговија со диви животни.

Според кинеските власти бројот на заразени од новиот тип корона вирус во Кина се зголеми на над 440, од кои деветмина ги загубија животите. Заразените се во 13 кинески провинции.

Експерти се сомневаат дека во моментот има над 1.700 заразени лица во Кина.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот од човек на човек и инфекции на медицински персонал. Докажано е дека боилеста се пренесува преку респиаторнио тракт и постои мутација на вирусот, истакна Ли.

Сите деветмина починати пациенти се од провинцијата Хубеи каде има и најмногу заболени.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат кон своите домови на прослава на Новата година в сабота.

Случаи на заразени со тој вирус има и вон Кина. Пациенти со такви симтоми има во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја и САД. Новиот вирус е од групата вируси причинители на САРС од кој во 2002/2003 живот загубина речиси 800 луѓе во светот, а кој исто така имаше потекло од Кина.

Кинерските власти советуваат да не се патува во Вухан, град од каде почна ширењето на вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека животните се извор на зараза. Првичните анализи укажуваат дека заразените животни биле пронајдени на пазар во Вухан.

Кинеската Национална здравствена комисија во понеделникот потврди дека два случаи на зараза во кинеската провинција Гуандунг се резултат на пренесување од човек на човек.

На корона вирусите припаѓаат на многу вируси, но само шест од нив – новиот би била седми – се знае дека ги напаѓаат луѓето.

Повеќето не се опасни, но овој нов вид доведе до голем број случаи на вирусна пневмонија.

Симптоми познати досега се – треска, кашлица, губење здив и отежнато дишење.

Епидемијата разбуди сеќавања на вирусот САРС – исто така вирус корона – од кој починаа 774 луѓе во раните 2000-ти во десетици земји, повеќето во Азија.

Анализата на генетскиот код на новиот вирус покажува дека е поблизу до САРС од кој било друг човечки корона вирус.

„Кога наидуваме на нов корона вирус важно е да откриеме колку се сериозни симптомите. Ова е повеќе од обична настинка и е причина за загриженост, но не е толку сериозно како САРС “, вели Марк Вулхаус од Универзитетот во Единбург.

Коронавирусите едноставно немаат пандемски потенцијал. Најмногу, тие можат да предизвикаат повеќе, географски локализирана појава. Но, колку големи и смртоносни може да се појават овие епидемии, се уште е загатка.

И за жал, информациите што се неопходни за да се соберат и разберат се – што вирусот, етикетиран 2019-nCoV, ќе стори следно.

„Единствениот причинител што може да го стори тоа, што го знаеме денес, е грипот“, вели Мајк Остерхолм, директор на Центарот за Инфективни болести и истражување на Универзитетот во Минесота.

„Ние дури и не знаеме колкав е периодот на инкубација или колку е смртоносен во овој момент“, вели Ен Римоин, епидемиолог, кој студира појави на болести на Укла.

Досега, кинеските здравствени власти следеа 988 лица кои стапиле во контакт со заразени пациенти во Вухан, расчистиле 739 од нив и се уште следат 249, според официјалните извештаи.

Тие допрва треба да споделуваат информации за одделни случаи со остатокот од светот

Во понеделникот, кинески службеник за здравствена заштита потврди дека 14 здравствени работници се тестирани позитивни за 2019-nCoV и посочиле дека сите 14 се заразени од еден пациент.

Ако е вистина, тоа укажува на присуство на „супер-ширач“ (super spreader), некој што проголтал огромни количини вирус, инфицирајќи многу луѓе одеднаш.

„Ова би било големо засилување, многу повеќе од она што го видовме со САРС“, вели Мајк Остерхолм, директор на Центарот за Инфективни болести и истражување на Универзитетот во Минесота.

Таму каде што има еден супер-дистрибутер, вели тој, веројатно има и други.

Сепак, тој е многу помалку загрижен за големо ширење на 2019-nCoV на американско тло отколку што е за тоа што се случува ако работите се влошат во Кина, каде што САД имаат голем дел од производството на лекови и медицински снабдувања.

Доколку тие индустриски центри се затворат во услови на заострување на мерките за јавно здравје или синџирите на снабдување се ставаат во карантин, резултатот може да биде голем недостаток на лекови за Американците.

„Тоа е она што навистина ме плаши во моментов“, вели Остерхолм.

Властите во Пекинг се загрижени поради одбележувањето на новата година во Кина во февруари бидејќи се очекува милиони да патуваат низ целата земја, што може да доведе до зголемување на заразените лица.

Во извештајот на Центарот за MRC за глобална анализа на заразни болести на Империал колеџ во Лондон се наведува дека повеќе од 1.700 би можеле да бидат заразени.

Инфицираните пациенти се сместени во изолација за да се намали ризикот од инфекција. Пазарот во Вухан е затворен и надлежните служби ќе го исчистат и дезинфицираат.

На тој пазар се продаваше риба, но имаше и живи животни – кокошки, лилјаци, зајаци и змии.

Светската здравствена организација советува да се избегнува „незаштитен“ контакт со животни, добро да се третираат месото и јајцата и да се избегне близок контакт со секој со настинка или симптоми слични на грип.

Аеродромите во Сингапур, Хонг Конг и Токио воведоа проверки на патниците од Вухан.

Американските власти објавија слични мерки на аеродромите во Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк минатата недела.

Д-р Џоси Голдинг, од добротворната организација Welcome, вели дека е тешко во моментов да се проценат причините за загриженост.

„Луѓето се уште се сеќаваат на вирусот САРС, затоа се загрижени. Но, сега сме значително поподготвени за тие видови болести“, вели Голдинг.

Џонатан Бол, професор на Универзитетот во Нотингем, додава дека, сепак, „треба да бидеме загрижени секогаш кога се појавува нов вирус“.

„Откако ќе влезе во клетка на човечкото тело и ќе почне да се шири, вирусот може да мутира и да стане уште поефикасен и опасен. Не треба да му се даде таа можност “, заклучи тој во изјава за Би-би-си.