Овие намирници можат да ви помогнат да ги избегнете проблемите со варење бидејќи се природни лаксативи.

Житарки

Киноа, ориз, пченица и овес – содржат диетални влакна кои ја нормализираат работата на цревата и помагаат во спречување на појавата на хемороиди.

Боровници, малини и капини

Тајната е во пектинот којшто го содржат. Тие се врзуваат за желудочната киселина, па така се намалува апсорбцијата на мастите и холестеролот, а се спречува и задржување на непотребни шеќери по прејадување.

Исто така, црвеното овошје се врзува за тешките метали и ги исфрла од телото.

Зелен лиснат зеленчук

Зелениот лиснат зеленчук како што се спанаќот, блитвата, марулата се едни од најдобрите природни лаксативи бидејќи содржат магнезиум, минерал кој помага за подобро варење на храната.

Јогурт

Во јогуртот има добри бактерии, пробиотици кои помагаат во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем, што е клучно за здрав имунолошки систем.

Чиа и ленено семе

Со додавање на овие семки во јогуртот ќе направите вистинска лаксативна бомба.

Имено, овие семки содржат многу влакна што е добро за нормализирање на столицата, а се одличен извор на омега-3 масни киселини.

Јаболка и круши

Исто како и црвеното овошје, и тие се полни со пектин.

Брокула и цвекло

Тие се многу важни за здравјето на цревата затоа што овозможуваат лесно проаѓање на отпадот од организмот.

Тиква

Оваа намирница со низок процент на јаглехидрати е полна со влакна, што е пресудно за ублажување на отежнато празнење на цревата.

Тиквата содржи и калиум, минерал кој дејствува како електролит кој ја чува рамнотежата во дигестивниот систем.

Кафе

Утринска шолја кафе ја стимулира работата на мозокот, но и на цревата.

Цитрусно овошје

Во оваа група спаѓаат портокал, цитрон, лимон кои ја омекнуваат столицата, но ја намалуваат и подуеноста во стомакот.

Содржат голема количина на пектин кој ја поттикнува работата на цревата.