о шлаканиците во низа – прва од влијателниот „Економист“ кој не рангираше во земји со хибриден режим, следуваше веста за падот од 13 места на листата на свтетски признатата „Транспаренси интернејшнл“ во однос на перцепцијата на корупцијата во светот, а веднаш по неа следуваше и црната прогноза на еминентната ЕСИ дека земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ најрано во 2030-та година. Вклучително и Македонија, се разбира.

Следна вест која пристигна е дека Македонија има најнизок раст на платите во целиот регион. Информацијата е од македонскиот ДЗС во координација со регионалните национални заводи за статистика.

Последни сме со само 3,8% раст. За споредба соседна Бугарија има 10,4% зголемување на просечната плата.

Граѓаните со право на социјалните мрежи си го поставуваат прашањето, има ли крај и со што ќе заврши овој ден?