Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку свој пост на Фејсбук пишува дека за пациентите со целијакија безглутенското брашно е лек, за СДСМ е изгледа дијамант, „блескаме“ секој ден !

-За пациентите со целијакија безглутенското брашно е лек, за СДСМ е изгледа дијамант, „блескаме“ секој ден !

Уште колку лица има да покаже СДСМ преку своите ненародни политики?
Нивното лицемерие очигледно е бесконечно. Нивната нежелба за емпатија е доминантна.
Од една страна настапуваат со свечени објави за “БЛЕСКАЊЕ” во сите сфери на општественото живеење, особено во здравството. Тука за пример ќе го земеме нивното “блескаво” крпење по клиниките на сметка на, заради нив пропаднатиот проект, нов клинички центар. И “блескавоста” продолжува, но очигледно со единствена цел, да го заслепи народот и пациентите, за да не ги види нивните “блескави” намери. Речиси истовремено со помпезните “БЛЕСКАВИ” споделувања, тивко, тивко објавува нова одлука од ФЗОМ, која се однесува на нови референтни цени на лекарствата.
Да елаборираме барем еден артикал од таа листа. Еве на пример безглутенското брашно:
Брашното без глутен до 17.01.2020г. е со цена од 75 денари, односно цената која ја покрива фондот е 175 денари. Од посочената дата веќе настапуваат нови цени каде безглутенското брашно со референтната цена која ја покрива фондот се намалува на 10.6729 денари, кое намалување е всушност покачување на разликата која пациентот треба да ја доплати како партиципација за да го подигне лекот, конкретно брашното. И сега цената за 1 кг безглутенско брашно е 120 денари.
Ако до вчера за 750 денари подигале 10 кг брашно без глутен, сега за 600 денари ќе добијат 5 кг.
Целијакијата е автоимуна болест. За пациентите со целијакија безглутенското брашно е лек.
А според господата од СДСМ “Блескаме”.
Можеби, ако во брашното некој гледа дијамант, стои во нивниот пост на Фејсбук