Во Грција е регистриран пораст на бројот на тешки случаи на заболени и починати од грип. Според Националната организација за јавно здравство, од октомври до минатата недела биле пријавени 59 случаи на грип, од кои 50 се лекувани на одделенито за интензивна нега.

Само минатата недела 27 од 50 случаи се примени на интензивна нега.

Како што се наведува, 42.4 проценти од пациентите во одделението на интензивна нега се разболеле иако биле благовремено вакцинирани против грип.

Во Грција вкупно се пријавени 13 смртни случаи од компликации на оваа болест, од кои седум биле на одделението на интензивна нега.

Исто така, зголемен е бројот на посети на лекари на пациенти со симптоми на грип.