Зимската депресија позната како Сезонското афективно пореметување (САП – зимска депресија) е вид на депресија која најчесто се јавува во есен и зима, кога сè помал е бројот на сончеви денови, а најтешките месеци се јануари и февруари. Со доаѓањето на пролетта ситуацијата се подобрува.

Сезонското афективно пореметување се поврзува со биохемиски дисбаланс  во мозокот, на што влијаат пократките денови и недостатокот на сончева светлина.

Како што се менуваат годишните времиња, луѓето ги чувствуваат промените во својот внатрешен биолошки часовник.

Вообичаните симптоми вклучуваат умор и зголемена телесна тежина поради прекумерното консумирање на храна и зголемена потреба за јаглехидрати.

Во другите знаци спаѓаат тагата, губење на интересот за активностите во кои уживаме, чувство на вина, помала концентрација и донесување на одлуки, како и самоубиствени мисли.

Оваа пореметување може да се јави во било кој период од животот, но најчесто почнува помеѓу 18 и 30 години и почесто е кај жените отколку кај мажите.

Како да се бориме со зимската депресија?

Според советите од научниците најдобар начин за да се борите со ова пореметување е да се потрудите да бидете што повеќе изложени на природна светлина.

Пешачете кога ќе се појави Сонцето, па дури и 20 минути се доволни.

Освен тоа, за лечење на ова пореметување се користат и антидепресиви по препорака од лекар.

Од помош можат да бидат и редовно вежбање, здрава исхрана и дружење со пријателите и со семејстово.