Не е невообичаено дури и најмирните лица да се лути кога се гладни. Како што одминува времето од последниот оброк, количината на хранливи материи почнува да опаѓа, а потоа следи појава на раздразливост поради појава на глад.

Јаглехидратите, протеините и мастите се распаѓаат до едноставни шеќери, аминокиселини и слободни масни киселини. Како што одминува времето, количината на овие хранливи материи се намалува. Кога нивото на гликозата во крвта ќе падне на критично ниво, мозокот го сфаќа тоа како животна опасност.

Мозокот е зависен од гликоза, а кога неговото ниво во крвта ќе се спушти едноставните работи ќе станат тешки. Нема да можете да се концентрирате, ќе направите грешки во банални ситуации или ќе започнете да зборувате неповрзано. Покрај тоа, ќе станете незгодни и раздразливи и ќе ви пречи сè.

Кога нивото на гликоза во крвта ќе се спушти на долната граница, мозокот на одредени органи “наредува” да ги синтетизираат хормоните кои ја зголемуваат. Еден од овие хормони е и адреналинот, хормон на стрес, кој се ослободува во крвотокот во сите стресни ситуации.

Друга причина зошто гладот ​​е поврзан со лутината е тоа што и двата се контролирани од истите гени. Еден таков ген е невропептид Y, кој се ослободува кога сме гладни. Тој невропептид делува на различни рецептори во мозокот, вклучително и оној наречен Y1 рецептор. Покрај тоа што го контролираат гладот, тие ја регулираат лутината и агресијата.